Maдона на седмо небо зашто се смирила со синот Роко

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Денес пејачката Мадона има голем празник – нејзиниот син Роко има роденден. “Среќен роденден на мојот син! Вистински воин со чисто срце! Нека секогаш има сонце “, гласи постот на 57-годишната пејачка, а одоздола има слика на Роко и црниот брат Дејвид, кој е посвоен син на пејачката. 4997202Тие се фотографирани со штитови и копја, користени од африканските племиња. Пејачката е инспирирана, бидејќи проблемите со 16-годишниот син останале во минатото. До неодамна тој се бунтуваше и одбиваше да живее со својата мајка, поради што таа силно страдаше. Но Мадона успеала да го надмине отпорот кон неа и сега не може да се изнарадува на среќата.rocco-ritchie-turns-16-500x497

Всушност сликата беше направена во африканската држава Малави, каде што семејството помина неодамна. Мадона отиде со целото свое семејство: Лурдес, Роко, Дејвид и Мерси, за да ја поддржи хуманитарната организација Shining Hope for Communities. На страницата на социјалната мрежа пејачката правеше нешто како фото-отчет и призна дека патувањето ѝ помогнало да се зближи уште повеќе со децата и да ја надмине кризата во односите со Роко.