Обожавателите на Мадона се загрижени по говорот на поп иконата на Греми наградите во 2023 година.
64-годишната пејачка излезе на сцената за да го најави настапот на Сем Смит на Греми, пред да испрати порака до публиката и гледачите кои гледаат од дома.
„Тука сум да им се заблагодарам на сите бунтовници кои кројат нов пат. Мора да знаете, сите вие кои правите проблеми, мора да знаете дека вашата бестрашност не останува незабележана. Видени сте, слушнати, а најмногу од се, ценети“, им порача на гледачите музичката суперѕвезда.
Но, загриженоста на многу фанови на Твитер не беше самиот говорот, туку и изгледот на Мадона.
Fans say Madonna was “unrecognizable” during Grammy's speech 😳 pic.twitter.com/rATs0fW61v
— Daily Loud (@DailyLoud) February 6, 2023
Многумина мислеа дека е непрепознатлива.
„Да не објавија дека тоа е Мадона, немаше да имам поим која е таа личност која се појави на Греми наградите“, објави еден корисник.
Неколку обожаватели ги повторија истите мисли, а еден дури ја помеша со актерката Дру Баримор.
„Таа дури и не звучи исто“, истакна еден корисник.