Кралицата на попот, Мадона, изгледа драстично поинаку отколку пред само неколку години, а негативните критики најмногу доаѓаат од нејзиното лице и прекумерните интервенции на истото.
Новата фотографија направена на Греми наградите предизвика лавина негативни реакции и загрижени коментари во јавноста. Мадона сега одговори на критиките, тврдејќи дека повторно е жртва на мизогинија и ејџизам во нејзината кариера.
Madonna responds to criticism about how she looked at the #GRAMMYs:
“Many people chose to only talk about close-up photos of me taken with a long lens camera by a press photographer that would distort anyone’s face!! … Once again I’m caught in the glare of ageism and misogyny” pic.twitter.com/jO8ec8XQSn
— Pop Base (@PopBase) February 8, 2023
„Ми беше чест да ги претставам Ким Петрас и Сем Смит на Греми. Сакав да ја доделам последната награда која беше Албум на годината, но сметав дека е поважно да ја претставам првата транс жена што ќе настапи на Греми – момент за создавање историја! А згора на тоа доби и Греми! Наместо да се фокусираат на она што го кажав во мојот говор, а тоа беше за ценење на бестрашноста на уметниците како Сем и Ким – многу луѓе избраа да зборуваат само за моите фотографии одблиску. Крупните кадри би го изобличиле сечие лице“, започна Мадона на Инстаграм.
„Повторно сум фатена во сјајот на ејџизмот и мизогинијата која го обзема светот во кој живееме. „Свет кој одбива да ги слави жените над 45 години и чувствува потреба да ги казни доколку продолжат да бидат со силна волја, вредни и авантуристи“, продолжи пејачката на Инстаграм.
„Никогаш не се извинив за ниту еден од креативните избори што ги направив или за начинот на кој изгледам или облекувам и нема да почнам сега. Медиумите ме деградираа од почетокот на мојата кариера, но разбирам дека сето тоа е тест и среќна сум што можам да го трасирам патот за сите жени зад мене да имаат полесно време во годините што доаѓаат. Според зборовите на Бијонсе, ‘Нема да ми ја скршите душата’. Со нетрпение очекувам уште многу години на субверзивно однесување – поместување на границите – спротивставување на патријархатот – и најмногу од се уживање во мојот живот. Поклонете се кучки“, заклучи Мадона на Инстаграм.