Тинејџерот Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, бидејќи со 2:1 во сетови беше подобар од својот речиси 17-годишен постари сонародник Рафаел Надал.
Сетовите беа 6:2, 1:6, 6:3 за тенисерот од Мурсија по повеќе од 130 минути на терените во Мадрид. Следен противник за деветтиот светски играч ќе биде најдобриот играч на планетата Новак Ѓоковиќ, кој неколку часа претходно лесно го елиминира Хуберт Хуркач.
Алкараз за првпат во кариерата го совлада Надал, а претходните две средби „кралот на земја“ ги реши во своја корист. Интересно е што двајцата тенисери играа и во Мадрид во 2021 година, а тогаш исходот беше многу поинаков – помладиот доби само три гема.
Ова беше 99. мастерс четвртфинале за Надал, а само деветто учество на мастерсите за Алкараз, што доволно говори за разликата во искуството. Карлос Алкараз беше само шестмесечно бебе кога Рафаел Надал го одигра своето прво АТП финале во кариерата. Надал остана без полуфинале на турнирот кој го освојуваше пет пати и на кој осум пати беше финалист.