Мадуро ги отфрли предлозите на Бразил и САД за повторување на изборите во Венецуела

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги отфрли препораките на лидерите на САД и Бразил за потенцијални повторени избори во таа земја, пренесува Ројтерс.

„Апсолутно го отфрлам обидот на САД да станат авторитет за изборите во Венецуела“, рече Мадуро.

Претходно, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва предложи да се распишат нови избори во Венецуела, со учество на меѓународни набљудувачи, како потенцијално решение за политичката криза во таа латиноамериканска земја, што го поддржа американскиот претседател Џозеф Бајден.

Слични содржини