Мадуро го обвини САД за случувањата во Боливија

од Aleksandar Petrovski
332 прегледи

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД дека управуваа со државниот удар во Боливија.

-Го осудуваме пучот против Ево Моралес, што го коориднираше и финансираше Белата куќа, изјави Мадуро за државната телевизија, пренесува Тасс.

Тој додаде и дека САД стојат зад сите државни удари во регионот во последниот век .

-Дали сте подготвени да се борите? Ние сме подготвени да се бориме за мирот, татковината и суверенитетот, рече Мадуро.

Боливискиот претседател пред два дена поднесе оставка од функцијата под притисок на протестите кои во земјата се организираа од крајот на октомври. Моралес денеска замина за Мексико, каде доби азил.

Слични содржини