Мадуро: Коронавирусот е измислен како биолошко оружје против Кина

од Aleksandar Petrovski
435 прегледи

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро верува дека коронавирусот е направен како биолошко оружје против Кина, соопшти денеска венецуелското Министерство за надворешни работи.

„Глобалната анализа покажува дека коорнавирусот може да биде сој, што е создаден за водење биолошка војна против Кина. Сето тоа покажува дека е крајно време тоа јавно да се соопшти, да се крене узбуна за да се спречи употребата на коорнавирусот против Кина и други земји, рече Мадуро, пренесен од руските медиуми.

Вирусот кон крајот на 2019 година се појави во кинескиот град Вухан, економски и индустриски центар на провинцијата Хубеи, во кој живеат околу 11 милиони жители.

Според најновите податоци, од коронавирусот досега починале 2.924 лица, а 85.200 се заразени ширум светот.

Слични содржини