Мадуро: Венецуела ќе ги тужи САД пред Меѓународниот суд на правдата

од Aleksandar Petrovski
215 прегледи

Венецуела ќе ги тужи САД пред Меѓународниот суд на правдата поради санкциите кои Вашингтон ги воведе против венецуелската авио компанија „Конвиаса“, изјави шефот на државата Николас Мадуро.

Тој побара од Обвинителството веднаш да подготви постапка пред Меѓународниот суд на правдата поради штетата која ќе ја претрпи националниот авио превозник.

Американското Министерство за финансии во петокот најави санкции против компанијата „Конвиаса“ со цел да се блокираат трансакциите меѓу венецуелскиот авио превозник и американските државјани и компании.

– Венецуела ќе бара задоволување на правдата пред меѓународните судови, истакна Мадуро во Каракас.

Слични содржини