МАЕИ поднесе барање за учество на локалните избори во Албанија

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, поднесе пријава за учество на локалните избори, што ќе се одржат на 14 мај.

– Поднесовме пријава за учество на изборите со што го запазивме рокот, според изборниот законик. Партиските органи ќе одлучат каде ќе настапиме со кандидатски листи за градоначалник и советници, за што крајниот рок за нивно доставување е 27 месецов, изјави за МИА, Васил Стерјовски, претседател на партијата.

Во меѓувреме Централната изборна комисија на официјалната веб страна објави дека утре на отворена седница за јавноста ќе ги разгледа пријавите на четириесеттина политички субјекти, меѓу нив и МАЕИ, како и на неколку групи граѓани.

Нова локална власт на 14 мај ќе добијат 61 општина. Во единствената македонска општина Пустец, актуелниот градоначалник Пали Колефски веќе потврди дека по вторпат ќе ја бара довербата, како кандидат на владејачката Социјалистичка партија.

Слични содржини