Маестралниот Крис Пол го однесе Феникс во финалето на НБА (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кошаркарите на Феникс Санс го совладаа Лос Анџелес Клиперс со 130:103 и со вкупен резултат од 4-2 во победи се пласираа во финалето на НБА лигата.

Тие ќе се борат за трофејот во најсилната лига на светот, првпат од 1993 година.

Во шестата, што се покажа како последен, натпревар од последната серија на Западот, најдобар на теренот беше искусниот Крис Пол.

Тој имаше 41 поен (7/8 за три), но и четири скока и осум асистенции.

Го следеше Девин Букер со 22 поени и седум асистенции, Краудер додаде 19, а Ајтон 16, со дури 17 скока.

Поразот на Клиперс не можеше да го спречи ниту Морис со 26 поени и девет скока, или Пол Џорџ со 21 поен и девет скока.

Санс имаа водство во текот на целиот натпревар, а најблиску до фаќање на приклучок, Клиперси беа на крајот од третата четвртина.

Сепак, новата голема серија на Феникс го реши натпреваротт, а „Санс“ имаа максимални +28 нешто подоцна.

Феникс во финалето ќе игра против подобриот од мечот Милвоки – Атланта, а резултатот во моментов е 2-2 во серијата.

Слични содржини