Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска најави дека улица во Скопје ќе биде именувана по маестро Александар Џамбазов, легендарниот композитор и диригент и втемелувач на македонската детска и популарна музика кој почина на 25 јануари на 85 години.
„Денеска го испраќаме во вечното почивалиште со неизмерна почит, маестро Александар Џамбазов, основоположник на Скопскиот фестивал на забавна музика и еден од најстарите детски музички фестивали во Европа, Фестивалот на детски песни „Златно славејче“. Човек кој четири децении создаваше непроценливо творештво за македонската музика.Комеморацијата се одржа во МОБ, а како заслужен граѓанин и истакната личност во чест на маестро Александар Џамбазов иницираме со одлука улица во Град Скопје, да го носи неговото име. Нека почива во мир!“, напиша Арсовска на својот фејсбук профил.