Роџер Федерер продолжува да ја бара својата рекордна шеста титула од Индијан Велс, откако го
елиминира Хуберт Хуркач во четвртфиналето и обезбеди судир бр.39 против Рафаел Надал.

Маестро стигна до успех по 6-4 6-4, а за време на дуелот го реализира и поенот на денот.
При 30-30 на свој сервис во вториот дел, изгледаше како Швајцарецот ќе го загуби поенот, но ги
дешифрира добро намерите на својот противник на мрежата, по што покажа завидни рефлекси да
одигра тешка топка со лоб, кој во голема мера му донесе водство во гемот.
Simply stunning Shot of the Day from @rogerfederer#BNPPO19 pic.twitter.com/KMzrOgY0uB
— BNP Paribas Open (@BNPPARIBASOPEN) March 16, 2019