Мафијашко убиство во Србија: Ликвидиран Црногорецот „Ранко Ескобар“

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Ранко Р.(55) е убиен утрово околу 11.00 часот на бензинска пумпа во Белград, а според првите и неофицијални информации на порталот „Нова.рс“, станува збор за лице од претходно познато на полицијата кое меѓу другите работи, било вклучено и во продажба на блиндирани автомобили.

Неговото име се споменуваше во јавноста, во контекст на сопственикот на еден таков автомобил, кој беше пронајден во гаражата на Марко Миљковиќ, десната рака на Вељко Беливук. Ранко Р. во јавноста е познат и како „Ранко Ескобар“, а по потекло е од Црна Гора.

Голем број полицајци во моментов се во Чукарица, односно на пат кон Рушањ каде се случило убиството.

Полицијата во Белград запира возила во потрага по напаѓачите. Полицајците се вооружени со долги цевки.

„Две непознати лица упаднале во бензиска пумпа, односно во кафулето, при што едното испукало неколку истрели во правец на жртвата“, изјави еден од очевидците.

Кој е Ранко Ескобар?

Како што претходно пишуваа медиумите, Ранко Ескобар стана препознатлив во подземјето по трговијата со блиндирани автомобили. Токму едно такво возило е пронајдено во гаражата на Марко Миљковиќ, десната рака на Вељко Беливук, кому му се суди за седум ликвидации и други тешки кривични дела.

Слични содржини