Мафини со брусница и бадеми

од Stefanija Kuzmanovska
156 прегледи

Состојки:

– 300 гр брашно

– 100 гр сува брусница

– сок од половина портокал

– 70 гр мелени бадеми

– 150 гр шеќер

– 1 јајце

– 250 мл млеко

– 120 мл масло

– 1 лажичка прашок за пециво

– цимет, по вкус

Подготовка:

Подгответе 12 калапи за мафини и сите останати состојки и вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.

Изматете ги јајцата и шеќерот додека не се растопи целиот шеќер.

Потоа додадете масло и млеко. Полека додадете брашно помешано со прашок за пециво, цимет и бадеми.

Кога се добро ќе се соедини, додадете брусница и сок од половина портокал.

Добро измешајте со лажица и наполнете ги корпите. Печете 20 до 25 минути.

Посипете ги со шеќер во прав или украсете ги по желба.

Слични содржини