Магла ја намали видливоста на дел од патиштата

од Vladimir Zorba
71 прегледи

  Намалена видливост од 100 до 150 метри поради магла има на патните правци Катланово-Велес, Удово-Гевгелија, Македонска Каменица-Делчево-Берово и Струмица, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.