Поради изведување на работи на Минирање при изградбата на експресен пат А2 делница Длабочица – Чатал на ден 01.03.2023 среда во периодот од 13:00 до 16:00 часот предвиден е преќин на сообраќајот на потегот село Ветуница – мост на река Блидеш, информираат од АМСМ.
За време на минирањето сообраќајот ќе биде во прекин за сите типови на возила. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во прекин до расчистување на магистралниот пат.
-Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има на планинскиот превој Ѓавато и од 60 – 70м. на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од таму.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.