
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост од 30 до 50 метри се бележат на планинските премини Стража и Плетвар, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.