Магваер: Следната сезона ќе биде поинаква, многу ќе се подобриме

од Vladimir Zorba
48 прегледи

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, верува дека тимот ќе игра значително подобро следната сезона. Според играчот, клубот ќе направи сериозен летен избор и подобрувањето ќе биде значително.

„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат на 16-то место во Премиер лигата откако забележаа 17 порази во првенството. Сепак, тие имаат шанса да играат во Лигата на шампионите следната сезона ако ја освојат Лигата на Европа.

„Верувам дека работите брзо ќе се свртат. Сега ги поставуваме темелите. Резултатите не беа доволно добри, срамно е, но не сме далеку од промена. Ни требаат нови играчи на лето, ни треба помош. Сакам што е можно повеќе играчи да дојдат за да има конкуренција во составот. Сакам да бидам во успешен тим. Клубот ќе ги направи вистинските трансфери на лето и многу ќе се подобриме“, рече Магваер.

„Клуб како Манчестер Јунајтед не може да нема за што да игра во последните два месеци од сезоната. Бевме на средина од табелата. Два месеци пред крајот на сезоната немаше за што да играме. Мора да ја преземеме одговорноста за ова, бидејќи е неприфатливо. Ние сме виновни“, додаде тој.

Слични содржини