19
Кошаркарскиот клуб Мајами денеска објави дека го суспендирал играчот Џими Батлер поради, како што рече, повеќекратни случаи на недолично однесување.
„Го суспендиравме Џими Батлер на седум натпревари поради повеќе случаи на однесување штетно за тимот, особено во последните неколку недели“, се вели во соопштението на Мајами.
Тимот од Флорида додава дека Батлер со своите постапки и изјави покажал дека повеќе не сака да биде дел од тој тим.