Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби организираше тркалезна маса.Со цел зачувување и унапредување на мајчиниот јазик, како дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
На оваа дебата, како што соопштија од неговиот кабинет, освен Груби присутни биле и директорот на Агенцијата за спроведување на јазикот, Илбер Села, директорот на Агенцијата за остварување на малцинските права во РСМ, Еран Куртиш, државниот секретар во Министерството за образование и наука, г. Селатин Белули, директорот на Управата за образование, Милутин Станчиќ, директорот на Управата за култура, Адмир Ујкановиќ, директорот на инспекторатот за упореба на јазиците, Фатмир Исени и заменик министерот во Министерството за политички систем, Илхан Рахман.
-Првиот вицепремиер пред присутните рече дека поддршката за употребата на мајчините јазици од страна на државата е од особено значење. Уставот на земјата, но и Законот за јазици овозможува официјална употреба на централно и локално ниво на некои мајчини јазици и заедно со образовниот процес што се одвива на повеќе јазици е најдобриот показател дека ние како општество имаме преземени чекори напред во зголемувањето на вредноста на мајчините јазици, се вели во соопштението од кабинетот на Груби.