Мајк Дин призна дека го оштетил Челси на мечот со Тотенхем

од Vladimir Zorba

Англискиот судија Мајкл Дин призна дека згрешил на натпреварот од второто коло во Премиер лигата помеѓу Челси и Тотенхем, пренесуваат британските медиуми.

Дин беше судија во ВАР собата, а натпреварот го водеше Ентони Тејлор. Натпреварот заврши без победник, 2:2. Тотенхем до бод стигна во 96. минута со голот на Хари Кејн.

Мајкл Дин за британските медиуми зборуваше за моментот пред изедначувањето, кога играчот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, го повлече за коса противничкиот играч Марко Кукуреља и го собори на тревата.

„Можев и самиот да го поканам Ентони Тејлор да ја разгледа спорната ситуација. Отпрвин ми се чинеше дека нема ништо насилно во потегот на Ромеро. Откако го погледнав видеото и се консултирав со другите судии, јасно е дека згрешив. “, рече Дин.

Овој натпревар ќе остане запаметен и по пресметката на двајца менаџери, Томас Тухел и Антонио Конте. Тие се скараа на натпреварот на „Стемфорд Бриџ“, а по натпреварот продолжи конфликтот. Стјуардите успеаја да спречат поголем инцидент, а Тухел и Конте заработија црвени картони.

Слични содржини