Поранешниот американски потпретседател Мајкл Пенс следната недела ја започнува својата претседателска кампања за изборите во 2024 година, јавува „Ројтерс“ повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Пенс беше потпретседател на САД од 2017 до 2021 година за време на мандатот на Доналд Трамп и предизвика незадоволство кај поранешниот претседател одбивајќи да го поддржи во обидот да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.
Тој треба да влезе во трката против својот поранешен шеф со најавен говор во Ајова на 7 јуни, изјавија два извора за „Ројтерс“.