Мртво бебе било донесено на Детската клиника во Скопје, информираа од полицијата. Трагичниот настан бил пријавен вчера изутрина.
– На 04.05.2025 во 07.15 часот во СВР Скопје, од Детската клиника при Комплексот клиники „Мајка Tереза“ во Скопје било пријавено дека околу 06.20 часот кај нив било донесено мртво новороденче. Лекар констатирал смрт, а, според пријавеното, 25-годишната мајка од Скопје во раните утрински часови се породила во својот дом во Скопје, по што таа и бебето биле пренесене на клиниката, соопштија од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а телото на бебето било дадено на обдукција.