17
Полицијата поднесе кривична пријава за мајка која го терала детето да питачи на граничниот премин „Табановце“.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против Д.Р.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
„Пријавената, од користољубие и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, го запуштила детето и го наведувала на питачење. На 10.04.2025, пријавената го однела своето дете на Граничен премин Табановце, при што од полициски службеници било затекнато како питачи“, информираат од МВР.