441
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Т.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Во октомври 2022 година, пријавениот со посредство на негов другар, набавил повеќе таблети бупренофин, по што ги ставал во прехрамбени продукти, а потоа неговата мајка преку брза пошта ги испраќала во Канзено-поправната установа Затвор Штип, каде што издржувал затворска казна.
Таблетите биле пронајдени при контрола на затворската полиција.