Мајка на 10-месечно бебе е донорот на срце и бубрези

од Берта Китинска
739 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека состојбата на пациентката на која ѝ беше трансплантирано срце од мртов донор е стабилна и оти сите параметри се добри.

– Сите параметри кои произлегуваат од анализите направени заклучно со денес, се добри и сите се во фаза на подобрување. така што очекувам дека денес може постепено да се ослободува од респираторната машина, изјави Филипче

Јасмина Василковска е името на 40-годишната жена, мајка на 10-месечно бебе.

-Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест,никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне, напиша министерот Филипче.

Слични содржини