Мајка ѝ на Меган главна во нивното семејство: Хари слепо ѝ верува само на Дорија

од Elena Daskalova
313 прегледи

Светските медиуми сè уште се занимаваат со темата „мегзит“, иако веќе некое време Меган и Хари се во Канада, далеку од кралското семејство, заедно со синот Арчи.

Се пишуваше дека принцот претрпел нервен слом околу божикните празници, но семејството не излезе да ја потврди или демантира оваа информација. Сега пак, се претпоставува дека најголем, а воедно и единствен виновник за „мегзит“ е никој друг, туку мајката на Меган Маркл.

Дорија Рагланд се досели кај Меган и Хари веднаш по раѓањето на малиот Арчи. Блиски луѓе на кралското семејство тврдат дека таа има огромно влијание врз семејните одлуки, а неретко се случува Хари самиот да бара совет за нешто од неа.

Таа буквално станала потпорен ѕид на младиот брачен пар, а наводно, Хари во неа препознал мајчинска фигура, која му била потребна поголем дел од неговиот живот. Се зборува дека таа била со нив на Божик во Канада, каде се случил наводниот нервен слом, по што го изразила своето мислење дека најдобро би било тие да се одделат од кралското семејство.

Слични содржини