„Кој има душа, со разум и развиени мозочни ќелии и застане рамо до рамо, со нас родителите и ќе се бори за правда на убиените ангели, со тоа ќе покаже дека е совесен родител и размислува за иднината на сопствените деца. Да застанеме и да кажеме стоп на криминалот, корупцијата, насилството, дилерите кои ни ја уништуваат иднината на нашите деца, барем тие што ни останаа, половина ни се иселија, од половина што ни останаа ни ги убија“, сподели Верица Трифунова, мајка на загинатата Моника Спасова, која упати апел до граѓаните пред утрешниот (сабота 7 јуни) нов марш во Кочани..
„Тие што преаживеаја трајно ни ги оштетија. Затоа ако имате грам совест и човечност, барем за детските животи, придружете ни се на нас родителите на убиените ангели, да почнат да размислуваат што се вистинските вредности во животот, кои со пари не можат да се купат“, вели Трифунова.
Утрешниот марш, ќе се одржи во 16:05 минути во Кочани.