Мајка на загинато девојче од Кочани го повикува Мицкоски да дојде лично и да покаже човечност и одговорност

од Марта Пешевска
257 прегледи

Порака до премиерот Мицкоски од мајка на загинато девојче во пожарот во Кочани се шири на социјалните мрежи. Габриела Наунова ги повикува властите лично да дојдат во Кочани, да запалат свеќа на гробовите на нивните убиени деца и да ја покажат вистинската човечност и одговорност. Таа истакнува дека децата не беа болни, туку убиени, и дека нема оправдување за отсуството од страна на премиерот.

„Доста е манипулации и празни зборови. Мојата ќерка имаше сон да студира во Словенија, а сега останав само со скршено, но борбено срце. Правдата за нејзиното убиство мора да излезе на виделина,“ напиша Наунова.

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека се сретнал со најголем дел од родителите на загинатите и вети дека ќе продолжи да разговара и да им помага, како на семејствата на загинатите, така и на повредените.

„Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме,“ рече Мицкоски.

Слични содржини