433
Мајка пријавила дека синоќа во дворот на семејната куќа во Гостивар, нејзината ќерка била сексуално вознемирена од малолетник. Според СВР Тетово, четириесет и тригодишна гостиварка ноќеска (12 април), педесетина минути по полноќ, пријавила дека еден час пред тоа малолетник ја допирал по интимните делови од телото нејзината малолетна ќерка.
Настанот според пријавеното, се случил во дворот пред нивната семејна куќа во Гостивар, каде девојчето било со уште две други малолетници лица, а лицето потоа набрзина го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.