Мајката на еден од загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани: Зошто Тошковски не нѐ праша лично дали сме организирани од опозицијата?

од Марта Пешевска
804 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, предизвика контроверзија со својата изјава дека родителите на загинатите во трагедијата во Кочани биле „организирани“ од опозицијата за да протестираат во Скопје на денот кога Собранието расправаше за интерпелацијата за неговото работење. Според Тошковски, протестот не бил случаен, туку внимателно планиран од опозициски структури, без да ги прецизира конкретните организатори.

На оваа изјава реагираше мајката на еден од загинатите, која на социјалните мрежи напиша: „Зошто кога бевме кај него, не нѐ праша дали сме организирани од опозицијата?“ Со ова прашање, таа ги критикуваше тврдењата на министерот, упатувајќи дека изјавата беше навредлива за родителите кои минале низ голема трагедија. Министерот, пак, продолжи да ја брани својата позиција, изразувајќи срам за општеството во кое, според него, опозицијата користи такви трагични настани за да добие политички поени, посочувајќи дека таквото однесување е неетично.

Слични содржини