Мајката на исчезнатиот Македонец пристигнала во Солун, продолжува потрагата на Халкидики

од Nikola Popovski
223 прегледи

Министерството за надворешни работи информира дека во текот на денешниот ден продолжија активностите на грчките служби за потрагата по исчезнатиот македонски државјанин во Грција.

-Во потрагата се вклучени грчката крајбрежна стража и бројни локални волонтери. Во текот на вечерните часови, во Грција пристигна и мајката на исчезнатиот граѓанин М.Ј., пречекана од Генералниот конзул во Солун, кој продолжува одблиску да комуницира со грчките надлежни авторитети и е на располагање за секаква потребна асистенција, велат од МНР.

Од таму додаваат дека последните информации од службите се дека потрагата ќе продолжи утре наутро, штом условите ќе го дозволат тоа.

Крајбрежната служба на Грција денеска соопшти дека откако добила информации дека тројца капачи исчезнале во морската област Посида на Халкидики, а за кои грчките медиуми известуваат дека се од Северна Македонија, започнала потрага со два патролни чамци, седум бродови кои биле во близина и со хеликоптер на военото воздухопловство.

Здравствената состојба на двајцата државјани кои вчера и завчера беа извлечени од море е добра, истите се наоѓаат во болница и се очекува нивно брзо пуштање од болница.

Слични содржини