Мајката на Израелката на која Хамас ѝ ја отсече главата: „Барем не страдала“

од Stefanija Kuzmanovska

Мајката на Шани Лук, девојката со која Хамас парадираше низ улиците на Газа, рече дека нашла малку олеснување во фактот што нејзината ќерка „не страдала“ и најверојатно била убиена за време на првите напади на Хамас, пишува NY post.

Дваесет и тригодишната уметничка за тетоважи стана симбол на ужасот од изненадувачкиот напад на Хамас на фестивалот во близина на кибуцот Реим, откако видеото од нејзиното тело стана вирално на Интернет.

Неколку часа по нападот, видео снимката од безживотното тело на Лук во задниот дел од камионот опкружено со вооружени терористи на Хамас, ја видело нејзиното семејство, кое веднаш ја препознало.

Нејзината мајка Рикарда првично мислела дека нејзината ќерка го преживеала нападот и дека била во несвест додека ја возеле низ Појасот Газа.

Таа сега вели дека верува оти Шани била убиена истиот ден кога Хамас го започнал својот ненадеен напад, веројатно со истрел во глава.

„Барем не страдала“, изјави Рикарда Лук за германската телевизија РТЛ.

Засега не се познати околностите за нејзината смрт. Пронајден е дел од нејзиното тело, а била идентификувана со ДНК анализа.

Слични содржини