Голема тага во семејството на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Кристијано Роналдо.
Славниот Португалец на својот Инстаграм профил објави дека едното дете од близнаците на неговата невенчана сопруга Георгина Родригез за жал починало при породување.
Момчето не преживеало, додека со девојката се е во ред.
Оваа вест целосно го шокираше светот бидејќи немаше индикации за ваква трагедија.
Роналдо за трагедијата ја извести јавноста на Инстаграм, а веднаш се огласи неговата мајка Долорес.
Таа на социјалната мрежа немала сила да напише ниту еден збор, туку само го споделила напишаното од нејзиниот син и фотографии од Роналдо со неговите други деца.