Родителите на девојчето (11) кое беше убиено во Грција се неутешни поради смртта на нивната ќерка Василика и се чудат зошто властите не го задржале во затвор нивниот роднина кој е осомничен за убиство.
„Зошто не го ставија силувачот зад решетки?“, прашуваат родителите на малата Василика, посочувајќи дека осомничениот бил осуден за силување на 14-годишно девојче уште во 2017 година.
Револтирани од смртта на нивната ќерка велат дека прво му била намалена затворската казна, а потоа бил пуштен на слобода.
„Тој човек што ни го уби детето беше во затвор поради силување. Прво му ја намалија казната од 18 на девет години. Зошто не го држат во затвор?“, прашува расплаканата мајка.
Малата Василика исчезнала во неделата вечерта, а нејзиното исчезнување семејството го пријавило во полиција околу 3 часот по полноќ. За жал, девојчето во понеделникот било пронајдено мртво на нива. Според признанието на осомничената, која наводно и е вујко, тој ја избодел девојката со шрафцигер откако таа одбила да има односи со него.
Ќе го погледнев во очи и ќе прашав зошто му го направи тоа на моето девојче!
Проговори и таткото
Таткото на убиената Василика од болка не може да зборува.
„Не доаѓаше често, ќерка ми му ја переше колата“, само успеа да каже.
Во 2017 година осомничениот за убиството на Василика беше уапсен за силување на 14-годишно дете. Според медиумите, се работи за роднина на таткото на Василика.
Тој беше осуден во 2020 година на Закинтос, но беше пуштен на условна слобода додека се чека пресудата на апелациониот суд. Бил должен редовно да се јавува во полициска станица. Засега не е познато дали ја испочитувал судската наредба.