Мајки во акција: Куклите како децата, без шминка и провокативна облека

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Како изгледаат куклите Bratz без шминка одлучи да провери една Австралијка. Жената доста се погрижи и  ги “избави“ играчките од целата шминка, со која производителите ги имаа обоено, пишува Daily Mail.

Мем Хамондс живее во Сиднеј и е мајка на две деца. Таа решила играчките да личат повеќе на деца, отколку на возрасни жени и да не ги тераат ненамерно малите девојчиња да сакаат да бидат шминкани.

Мем исто така ги облекла во облека која повеќе одговара на мали деца, отколку на предизвикувачките производствени линии.

Хамондс веќе сама избира костуми и фризури на овие кукли, за многу повеќе да ги доближува до реалните детски слики. “Ова е начин да им покажам на децата дека тие се обврзани да се сакаат такви какви што се, какви што природата ги создала”, објаснила Австралијката.

Мем е убедена дека како децата, така и куклите немаат потреба од шминка и предизвикувачка облека. Погледнете како таа ги преобразила куклите на своите деца во галеријата.