Актерот Мајкл Џеј Фокс тврди дека лекот за Паркинсоновата болест е „поблиску отколку што некогаш бил“. На ѕвездата „Враќање во иднината“ (61) и беше дијагностицирана оваа состојба во 1991 година, на 29-годишна возраст.
За време на гостувањето во шоу на ITV1, Фокс се отвори за животот со Паркинсонова болест и зборуваше за тековниот медицински напредок што се постигнува во лекувањето.
„Чувствувам дека [лекот е] поблиску отколку што некогаш бил“, изјави тој за водителката на шоуто Лорејн Кели. „Мислам дека го најдовме овој биомаркер кој е огромен, кој ја идентификува болеста и затоа може да ја третираме порано. Тоа беше огромен пробив, не очекувавме дека ќе го направиме вака наскоро. Работевме на тоа долго време, пред 10 години разговаравме за тоа“.
Преку неговата добротворна фондација, Фондацијата Мајкл Џеј Фокс за истражување на Паркинсон (The Michael J Fox Foundation for Parkinson’s Research) актерот собра повеќе од 1,75 милијарди долари (1,39 милијарди фунти) за истражување за лекување на болеста, пишува „Индепендент“.
Осврнувајќи се на неговиот квалитет на живот, Фокс, кој во 2020 година објави дека влегува во „второ пензионирање“ од актерството, рече: „Воодушевен сум од животот, го сакам животот. Јас сум многу среќна личност. Добро е, имам 61 година и тоа само по себе е неверојатно“.
“Среќен сум. Јас сум повеќе среќен отколку што не сум. И мислам дека помага да не бидеш сериозен, мислам дека понекогаш мора да бидеш несериозен пред работите кои се навистина застрашувачки и заканувачки. И треба да бидете сочувствителни за луѓето околу вас, погледнете низ што минуваат“.
Фокс претходно се повлече од актерството во 2000 година, за да „се фокусира на застапување и собирање средства за Паркинсоновата болест“.