273
Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, пред објавувањето на неговата книга, беше интервјуиран од Лестер Холт од NBC News.
Интервјуто ќе се емитува на Ен-Би-Си следниот вторник, а во претходно објавен извадок, Коен вели дека е навистина загрижен дека претседателот ќе стори сé за да победи.
„Доналд Трамп ќе стори сé за да победи. Верувам дека ова вклучува манипулирање со гласачките ливчиња, верувам дека тој дури би отишол дотаму што би започнал војна за да спречи негово отстранување од функцијата. Мојот најголем страв е дека нема да има мирна транзиција на власта во 2020 година“, вели Коен.