„Мајкрософт“ открил „деструктивен малициозен софтвер“ во системите на неколку украински владини агенции

од Vladimir Zorba

„Мајкрософт“ објави во блог пост дека забележал деструктивен малициозен софтвер во системите на неколку украински владини агенции и организации кои тесно соработуваат со владата во Киев, објави Ројтерс.

Меѓу жртвите на малициозниот софтвер се и украинските владини агенции, кои вршат клучни функции во извршната власт и во областа на справување со итни случаи, соопшти „Мајкрософт“.

Погодена е и компанија за информатичка технологија која одржува сајтови на јавни и приватни клиенти, вклучително и владини агенции чии сајтови беа погодени од голем сајбер напад овие денови.

„Мајкрософт“ не го откри името на компанијата.

Слични содржини