Мајли Сајрус ги повикa Американците да гласаат за Бајден

од Vladimir Zorba
307 прегледи

Американската пејачка и актерка Мајли Сајрус инсистира на тоа дека е „клучно“ луѓето да излезат и да гласаат на претстојните претседателски избори во САД.

Авторот на хитот „Полноќно небо“ смета дека изборите во ноември ќе бидат „најважните“ избори во нејзиниот живот и ги повика своите обожаватели да гласаат за демократскиот кандидат Џо Бајден, наместо за сегашниот претседател Доналд Трамп, со цел да се најде „некој што e соодветен за тоа место“.

„Слушајте, имам 27 години и знам дека никогаш порано не сум доживеала волку важни избори, и се надевам дека нема да ги видам во иднина. Не можам доволно да ја искажам нивната важност, особено ако младите излезат и бидат активни и ги убедат пријателите, семејството да гласаат и да се запознаеме со моменталната состојба на нашата земја. Клучно е да излеземе и да направиме промени и да добиеме некој што ќе биде соодветен да ја води нашата земја“, рече Мајли Сајрус во гостувањето на локално радио.

Таа додаде дека е охрабрувачки тоа што младите „се кренале“ пред изборите, но во исто време истакна дека нема да биде слеп оптимист и да каже „како сè ќе биде добро“.

„Мислам дека младите навистина излегоа на виделина, тие навистина сакаат промени и тие започнаа и неуморно работат на тоа“, рече Мајли Сајрус, која се здоби со популарност за нејзината главна улога во тинејџерската серија „Хана Монтана“.

Слични содржини