Мајли Сајрус повторно не се одвојува од алкохолот

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Одвикнувањето од алкохол на Мајли Сајрус не се одвива без проблеми. Откако во јуни минатата година откри дека не пиела шест месеци поради операција на гласните жици, а во декември призна дека повторно се обидува да се ослободи од алкохолот, таа не му одолеа овие недели.

На снимање во Бурбанк, Калифорнија таа се појавила во потполно алкохолизирана состојба. Со рокерска облека збогатена со златен ланец околу вратот, Сајрус буквално прегрна чаша црвено вино на работа.

Видно „уништена“, пејачката се прошетала низ местото за снимање со полна чаша, во кратка црна маичка.

Ова следеше по неколку недели откако sвездата позната по ликот на Хана Монтана се опијани на 15-годишнината од снимањето на серијата. За да опише како се чувствува по бурната ноќ, таа објави фотографија од пијаниот лик на Хана Монтана на Инстаграм.

Иако не сака јавно да зборува за борбата против алкохолот, призна дека се чувствува најдобро кога не пие.

„За мене, алкохолот е проколнат затоа што не сум умерена личност. Сепак, не мислам дека сите треба да бидат проклето трезни“, рече таа за New Music Daily на Apple Music, додавајќи дека секој знае што е најдобро за него.

„Немам проблем со алкохолот, туку со одлуките што ги носам кога ќе ја преминам таа граница“, рече таа за истиот извор.

Да потсетиме, Сајрус претходно имаше проблеми со дрога, која ја остави на 26-годишна возраст и, како што рече за „Ролинг Стоун“ во јануари годинава, „нема да и се врати.

„Всушност, една од причините што одбив дрога беше затоа што имав 26 години. Реков: „Морам да се подготвам пред да наполнам 27 години, бидејќи 27 е време кога ќе го преминеш прагот на животот или ќе умреш како легенда“, рече пејачката алудирајќи на Клуб 27, група музичари кои починаа на таа возраст.

Слични содржини