Поп ѕвездата, која се претвори во активист на „Планирано родителство“, Мајли Сајрус, нема да има
деца поради загриженоста во врска со глобалното затоплување.

Таа нема да се репродуцира, додека не се увери дека нејзиното потомство може да „живее на
планета со риба во водата“ (мислејќи на изумирањето на рибата низ целиот свет поради
затоплувањето на морињата и океаните). Пејачката зборува за „Ел“, откако се фокусира две од
нејзините омилени политички теми: феминизмот и климатските промени.
„Кога е лута, не се шегувај со неа. Ја чуствувам исто како и жените сега. Земјата е лута“, рече таа.
„Го правиме истото на земјата, што го правиме и на жените“, рече Сајрус, правејќи уште една
споредба со феминизмот.
„Само земаме и земаме и очекуваме да продолжи да произведува. И таа е исцрпена. Не може да
произведе. Планетата се претвора во нешто неквалитетно и јас одбивам да ја претставам на своето
дете“, продолжува добитничката на „Греми“.
„Се додека не почуствувам дека моето дете може да живее на планета со риби во водата, јас нема
да дозволам уште едно лице, да се справува со тоа“.