50-годишна скопјанка измамена за сума од 200.000 денари од мајстор кој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.11.2025) во 11:40 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од скопско пријави дека од страна на В.Н. била измамена за сума од 200.000 денари.
Имено, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но откако ги земал парите не ѝ одговарал на повиците.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.