На денешен ден – 8 февруари
427 г.п.н.е.- Роден е Платон, голем старогрчки филозоф, ученик на Сократ и учител на Аристотел, основач на филозофската школа во Атина која, според местото на кое што се наоѓала, е наречена Академија. Главно влијание врз Платон изврши Сократ на кој му ги посвети речиси сите свои дела – дијалози, главно компонирајќи ги како Сократови разговори со личности познати во Атина во тоа време и други градови – држави. Овие дела се зачувани во целост – вкупно 35 дијалошки расправи и 13 писма. Главни негови дела се “Држава”, “Гозба”, “Федон”, “Софист”, “Тимај” и други. Умре во 347 година пред н.е.
1587.- Погубена е шкотската кралица Мери Стјуарт, која претходно 19 години помина во затвор, обвинета за заговор против англиската кралица Елизабета Прва. Поради непопуларната римокатоличка политика која се обиде да ја наметне во протестанска Шкотска, во 1568 година мораше да побегне од Англија. На судењето одржано по налог на Елизабета Прва беше осудена на смрт.
1676.- Умре рускиот цар Алексеј Михајлович Романов, татко на Петар Велики. На власт дојде во 1645 година. Тој ја зацврсти централната власт, ги припои источните делови на Сибир и ја разви трговијата со Кина, Персија и со европските земји.
1725.- Во Санкт Петерсбург умре Петар Велики, цар на Русија. Беше коренит реформатор на рускиот социјален, економски и општествен живот. Се истакна како војсководец на копно и на море. Беше вешт политичар и дипломат. Основа многу училишта, Академијата на науките, а престолнината ја пресели во новоизградениот Петербург, односно Петроград.
1805.- Роден е англискиот писател и критичар Џон Раскин, кој сметаше дека уметноста зависи од општествените прилики, како и тоа дека само здрав народ може да создава големи уметнички дела, бидејќи тоа би требало да биде израз на силите на целиот народ а не привилегија на поединец. Дела: за уметноста – „Модерни сликари“, „Две патеки“, за општествените и економските проблеми „До последниот“, „Мунера Пулверис“.
1828.- Во Париз е роден Жил Верн, француски писател. Неговата фантазија ја окупираат научните откритија, далечните земји, храбрите пловидби, истражувачките подвизи и сето тоа што е непознато. Во своите дела, кои во тоа време наликуваат на чиста утопија, тој предвиде многу работа што современата наука успеа да ги оствари дури во наше време. Создаде нов жанр на проза и се здоби со милиони читатели. Негови најпознати дела се “Дваесет илјади милји под морето”, “Децата на капетанот Гранд”, “Пат околу светот за 80 дена”, “Пат на Месечината”, “Патувањето во центарот на Земјата” и други. Умре во Амиен, на 24 март 1905 година.
1834.- Во Тоболск е роден Димитриј Иванович Менделеев, руски хемичар, еден од најпознатите научници во светот од оваа област. Тој е татко на Периодичниот систем на елементите. Неговата книга “Основи на хемијата” е преведена на многу јазици. Умре во Петроград, на 2 февруари 1907 година.
1849.- Во Крањ умре Франце Прешерн, најголемиот словенечки поет, кој словенечката книжевност со големината на својот талент ја воведе во европската литература. Негови најпознати дела се “Водениот дух”, “Простување од младоста”, “Сонети на љубовта”, “Сонети на несреќата”, “Сонетен венец” и други, кои се преведени на многу странски јазици. Роден е во Врба, кај Блед, на 3 декември 1800 година.
1861.- Алабама, Флорида, Луизијана, Мисисипи и Тексас се одвоија од САД и формираа Конфедерација на јужните американски држави. На Конфедерацијата подоцна и се приклучија Арканзас, Северна Каролина, Вирџинија и Тенеси. Поделбата на САД доведе до граѓанска војна (1861 – 1865), која заврши со капитулација на јужните држави.
1878.- Роден е еврејскиот писател и филозоф Мартин Бубер. Напиша повеќе значајни дела за историјата на еврејската култура. Пишуваше на германски јазик, а за расказите користеше мотиви од фолклорот на полските Евреи. Со Франц Розенцвајг на современ германски јазик го преведе „Стариот завет“. Пред нацизмот во 1938 година побегна од родната Австрија во Палестина и стана еден од првите професори на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим. Се залагаше за заедничка еврејско-арапска држава. Дела: „Јас и ти“, „Хасидски приказни“, „Гог и Магог“, „Слики за добро и лошо“, „Мојсие“, „Средби“.
1894.- Роден е американскиот филмски режисер Кинг Волис Видор. Филмови: „Алелуја“, „Голема парада“, „Лебот наш насушен“, „Цитадела“, „Двобој на сонце“, „Војна и мир“.
1904.- Јапонија без најава ја нападна руската флота во Порт Артур, со што почна Руско-јапонската војна. Русија се покажа немоќна во одбраната и го прифати повлекувањето од Манџурија, а ја призна и власта на Јапонија над Кореја.
1920.- Родена е американската филмска актерка Џулија Џин Милдред Френсис Тарнер, позната како Лана Тарнер, една од најголемите холивудски ѕвезди во педесеттите години на 20. век. Филмови: „Тие не сакаат да заборават“, „Поштарот секогаш ѕвони двапати“, „Кас Тимберлан“, „Градчето Пејтон“, „Имитација на животот“, „Љубовта има многу лица“, „Монсуски дождови“.
1921.- Умре рускиот револуционер и географ Петар Алексеевич Кропоткин. Дела: „Взаемна помош“, „Големата Француска револуција“.
1924.- Гасната комора првпат е употребена за извршување смртна казна во американската држава Невада.
1925.- Роден е американскиот филмски актер Џон Улер Лемон Трети, познат како Џек Лемон. Филмови: „Мистер Робертс“ (Оскар), „Некои тоа го сакаат жешко“, „Апартман“, „Спасете го тигарот“ (Оскар), „Насловна страница“, „Киндески синдром“.
1931.- Роден е американскиот филмски актер Џејмс Бајрон, познат како Џејмс Дин, симбол на вознемирената и побунета младост по Втората светска војна. Џемс Дин (24) трагично го загуби животот во 1955 година. Филмови„: Источно од рајот“, „Бунтовник без причина“, „Див“.
1935.- Умре германскиот сликар и графичар Макс Либерман, најзначаен претставник на германскиот импресионизам.
1937.- Трупите на генералот Франциско Франко ја зазедоа Малага во Шпанската граѓанска војна, со помош на 15.000 италијански војници.
1943.- Советската армија во Втората светска војна го ослободи градот Курск кој Германците го окупираа во 1941 година.
1955.- Советскиот претседател на влада Георги Маљенков е принуден да поднесе оставка, а оваа функцијата ја наследи Николај Булгањин.
1963.- Претседателот на Ирак генералот Абдул Карим Касем е тргнат од власта со државен удар и е стрелан, а нов шеф на државата стана полковникот Абдул Салем Мухамед Ареф.
1971.- Швајцарските жени, првпат во историјата на оваа земја добија право на глас.
1975.- Советски и американски космонаути почнаа заеднички подготовки за летовите „Сојуз-Аполо“.
1983.- Во Лос Анѓелес умре Карин Карпентер, членка на некогаш во светот и во САД прочуениот поп-дует „Карпентерес“.
1984.- Во Сараево се отворени 14. зимски Олимписки игри, први во СФРЈ, на кои учествуваа спортисти од 49 држави.
1989.- Во близина на португалскиот архипелаг Азори, во Атлантик, падна американски патнички авион со италијански туристи при што загинаа сите 144 патници.
1993.- По судирот со воениот авион „Сухој“ близу Техеран, се урна иранскиот патнички авоион „Тупољев“, а во несреќата загинаа сите 132 патника и членови на екипажот, пилотот и копилотот на воениот авион.
1996.- Република Аргентина ја призна Република Македонија.
1998.- Во Њујорк умре Ото Ташковиќ, македонски и светски признат архитект. Роден е во Скопје, во 1933 година.
1999.- Република Македонија и Република Кина Тајван воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
2004.- Принцот Чарлс допатува во Иран, како прв член на британското кралско семејство кој ја посетил оваа земја од исламската револуција во 1979 година.
2005.- Грчкиот Парламент го избра поранешниот министер за надворешни работи Каролос Папуљас за нов претседател на Грција. За изборот на 75-годишниот Папуљас, кој беше единствениот кандидат за претседател, гласаа 279 од вкупно 296-те пратеници присутни на седницата. Папуљас е член на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК).
2005.- Израелскиот претседател на влада Ариел Шарон и палестинскиот претседател Махмуд Абас по разговорите во Египет, прогласија прекин на огинот меѓу Израел и Палестинците.
2006.- Во Сараево запалени се данското и норвешкото знаме за време на протестот по повод објавувањето на навредливата карикатура на пророкот Мухамет во медиумите во поединечни западноевропски земји.
2012.- Во Велика Британија на 110-годишна возраст почина последниот познат ветеран од Првата светска војна, Флоренс Грин. Флоренс Грин почина во источниот дел на Англија, две недели пред да наполни 111 години. Таа е родена во Лондон на 19-ти февруари 1901 година и служела како келнерка од Женските кралски военовоздухопловни сили во офицерска кантина во воздухопловната база во источниот дел на Англија, кога војната завршила на 11 ноември 1918 година. Во мај 2011-та година во Австралија почина Клод Чоулс, ветеран од Кралските военопоморски сили, кој беше последниот ветеран од Првата светска војна што учествувал во воени дејствија. По неговата смрт Флоренс Грин беше прогласена за последен жив ветеран од Првата светска војна.
Денеска е недела, 8 февруари, 39-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 326 дена.
Избор МИА