Макарони со пилешко и кашкавал

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Состојки:

– една лажица маслиново масло

– 1 кромид

– 3 чешниња лук, мелени

– 3 лажици доматно пире

– 1 лажица црвен пипер

– 1 коцка супа

– 1 домат исечкан на коцки

– 200 гр макарони

– 2 парчиња пилешко бело месо

– 1 1/2 шолја рендана моцарела

– 1 шолја свежо рендан пармезан

– 1 лажица свежо сечкан магдонос

– сол

– бибер

Подготовка:

Загрејте го маслото во големо тенџере на средна топлина. Додадете го сечканиот кромид и пржете, мешајќи, додека не омекне, околу пет минути. Додадете го лукот и пржете уште една минута додека не замириса. Потоа се прелива со доматното пире и црвен пипер.

Во меѓувреме, растворете ја коцката за супа во вода. Додадете ги доматите и супата во тенџерето и оставете да зоврие.

Сварете ги макароните и пилешкото, кои исто така ги додавате во тавата.

Сето тоа посипете го со моцарела, пармезан и магдонос и зачинете со сол и бибер.

Кога кашкавалот ќе се растопи, спремно е за послужување.

Слични содржини