„МакеДокс“ најави кино-викенд

од Vladimir Zorba
79 прегледи

„МакеДокс“ ве кани да уживате пред филмското платно во Кино „Фросина“ – МКЦ со четири документарни филма. Со оглед на тоа што живееме во реалност која станува пофиктивна и од самите играни филмови, документарниот филм станува сѐ поинтересен за љубителите на филмската уметност. Поради тоа, фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ одлучи да организира „МакеДокс Кино-викенд(и)“, кадешто на македонската публика ќе ѝ се даде можност уште еднаш да погледне некои од документарните филмови кои беа дел од програмата на фестивалот, пишува во соопштение тимот на МакеДокс.
Fuck For Forest

 
04.03.2016 (петок)
20:00 ч.– „Секојдневен бунт“
22:00 ч.–  „Секс за шуми“
 
05.03.2016 (сабота)
20:00 ч.–  „Доаѓаме како пријатели“
 22:00 ч.–  „Погледот на тишината“