Македонци продаваат алкохол на мигранти

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ во неделниот извештај апелира на низа недоследности кои се случуваат во камповите каде се сместени мигрантите во Македонија. Според ХК проблематично е недоволниот капацитет за сместување во камповите како и немањето начин мигрантите да  потполнат  потврда за барање на азил.

Неделниот извештај за состојбата на граничните премини Гевгелија и Куманово за периодот 07.03- 13.03.2016 година ги опфаќа следниве теми:

  • затворена Баканската бегалска рута
  • околу 1000 бегалци во Табановце, а 430 во меѓу-граничен простор
  • катастрофални и нехумани услови во меѓу-граничниот просто кон српската граница
  • нарушено правото на барање азил на бегалците во Македонија

332219-fateni-dvajca-migranti-od-nigerija

Во извештајот на ХК за кампот во Куманово се вели:

„Загрижувачки е тоа што неколку бегалци во кампот кои се изјасниле дека сакаат да побараат азил во државата, но тоа не им било овозможено од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи кои се присутни на терен. Тие се служеле со изговори дека нема формулари, не се тука надлежните лица за азил и слично.

Хелсиншкиот комитет остро реагира на ваквата пракса, која е неприфатлива и го крши правото на барање на азил на бегалците. Хелсиншкиот комитет ургира итно и неодложно да се процесираат барања за азил на бегалците кои сакаат да побараат.

Проблеми се јавуваат кога бегалците сакаат да подигнат парични средства испратени од нивни роднини. Нив не им е овозможено, организирано да патуваат до Куманово за да подигнат парични средства од банка (или преку Western Union).

Хелсиншкиот комитет апелира да се пронајде решение како организирано да се спроведуваат или придружуваат бегалците од кампот кои сакаат да подигнат парични средства.

Жителите на околните села им продаваат алкохол на бегалците во кампот, па тие често во алкохолизирана состојба, предизвикуваат тепачки и расправии во кампот. Во неколку случаи, полицијата беше принудена да интервенира во разделување на групи (Авганистанци) кои меѓусебно се расправаа и физички се пресметуваа.“