Македонците сметаат дека пристојна плата е 1075 евра

Податоците откриваат високо ниво на мобилност на работниците во Србија, кое е слично во БиХ и Македонија, додека Хрватска бележи нешто пониско ниво на промени на работните места од страна на граѓаните

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Секој трет работник во Србија ја сменил работата минатата година, а нето платата што ја очекуваат кога бараат работа е во просек 1.165 евра, според истражувањето објавено денес од порталот „Инфостуд“. Покрај испитаници од Србија, во регионалното истражување учествувале и граѓани од Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија.

Податоците откриваат високо ниво на мобилност на работниците во Србија, кое е слично во БиХ и Македонија, додека Хрватска бележи нешто пониско ниво на промени на работните места.

Врз основа на одговорите, пресметани се очекуваните просечни нето плати по земја: Хрватска: околу 1.650 евра, Србија околу 1.165, Македонија околу 1.075 евра, Босна и Херцеговина околу 1.050 евра.

Тој опсег на очекувања јасно ја сместува Србија во средината на регионалната скала – над Босна и Херцеговина и Македонија, но под Хрватска, што целосно се вклопува во разликите во трошоците за живот и стандардите во секоја од земјите, укажува „Инфостуд“.

Веднаш по платата, кандидатите во Србија најчесто ги наведуваат меѓучовечките односи како втор најважен фактор, а повеќе од 60 проценти велат дека е важно да работат во тим каде што има меѓусебно почитување и добра комуникација, што е речиси идентично со резултатите во Босна и Херцеговина и Македонија.

Анкетата е спроведена за време на Регионалниот саем за работа од 14 до 21 октомври.

Слични содржини