Телата на еден Македонец и двајца Срби убиени во Јужна Америка, како што пренесува српскиот весник „Политика“ се пронајдени во црни пластични ќеси. Според неофицијалните информации, тие биле мачени, а потоа и ликвидирани во Боливија.
Телата се пратени на обдукција која треба ги утврди точните причини за смртта. Жртвите сè уште не се официјално идентификувани. Врз основа на првичните траги, постои сомнеж дека најпрво биле брутално мачени, потоа убиени и спакувани во црни пластични ќеси, наведуваат извори од истрагата.
Убиениот македонски државјанин, како што пишуваат медиумите, е Дејанчо Л. Едниот од двајцата српски државјани, како што пренесува „Политика“, е Миљан Ќ, викан Хитри, од Ниш, предводник на меѓународна организирана криминална група која се занимавала со дистрибуција на големи количини на кокаин од Јужна Америка на територии на одредени земји во Западна Европа. Како што пишуваат медиумите, тој бил ликвидиран пред два дена, најверојатно на територијата на Боливија.
И вториот убиен маж од Србија е по потекло од Ниш и на територијата на Јужна Америка се движел со лажни идентификациски податоци.