Криминалистичката полиција на Црна Гора уапси еден државјанин на Србија и еден од Македонија осомничени за 13 кражби, беше објавено денес. Според пријавите од граѓани, идентификувани и уапсени се Е.Х. (46) државјанин на Србија и Б.С. (39) државјанин на Македонија, по наредба на обвинителот во Основното државно обвинителство во Подгорица.
Тие се осомничени за кражба на пари од граѓани, од деловни објекти, аптека и фризерски салон во Подгорица. Полицијата ги пребарува просториите што ги користел Б.С. во Тузима и пронашла мала количина марихуана, фалсификувана лична карта и возачка дозвола наводно издадена во Хрватска под друго име.
Б.С. е лишен од слобода по наредба на обвинителот поради сомнение дека извршил шест кражби.
Српскиот државјанин Е.Х. е фатен на граничниот премин со Србија додека се обидувал да ја напушти Црна Гора. Од него се конфискувани 8.000 евра, за кои се сомнева дека ги украл од стан во Подгорица, кога од едно лице украл и 4.000 швајцарски франци.
-Поради сомнение дека извршил седум кражби и кривично дело фалсификување исправа, Е.Х. е лишен од слобода по наредба на обвинителот, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.